Две големи изненадувања и еден очекуван резултат е билансот од трите меча од кошаркарската Евролига. Дуелот на двете водечки екипи, Олимпијакос и Фенербахче, им припадна на гостите од Истанбул, кои подобро се снајдоа во грчкиот пекол во Пиреја и на крајот победија заслужено со двоцифрена разлика од 77-87.
Големо изненадување приреди и Лион, кој на домашен терен неочекувано ја совлада Барселона со 100-94, откако во текот на целиот меч диктираа темпо против фаворитот.
Пресметката на двата германски евролигаши, Алба Берлин и Баерн Минхен, им припадна на „баварците“ кои победија со убедливи 15 поени разлика, 84-99.