Бранителот на трофејот во ракометната Лига на шампиони, тимот на Монпелје, против Вардар ќе настапи без левиот бек Матје Гребиј. Французинот има проблеми со грбот, го пропушти и мечот против Тулуз во второто коло во француското првенство, а по сите изгледи нема да биде достапен за тренерот Канаје и на отворањето на новата сезона во европскиот клупски шампионат.
Во редовите на францускиот тим недостасува и левото крило Мишел Гигу, кој ќе паузира неколку месеци поради повреда на коленото.
Одбраната на европскиот пехар Монпелје ја започнува во сабота (17:30 часот), токму против македонскиот претставник Вардар, тимот кој лани го елиминираа Французите за пласман во големото финале.