Вест Хем официјално објави дека ја прифатиле оставката на 50-годишниот менаџер Греем Потер, а си заминува и целиот тренерски штаб на лондонските Чекани.
Потер го презеде Вест Хем во јануари 2025 година и остана само осиум месеци во кои Вест Хем освои помалку бодови во Премиер лигата од сите други екипи (тука не се бројат екипите кои сезонава влегоа, ни тие што испаднаа). Оваа сезона, Чеканите загубија четири од првите пет натпревари во Премиер лигата под негово водство и моментно се 19-ти на табелата.
Следниот меч на Вест Хем е в понеделник на гости против Евертон, потоа им следува гостување кај Арсенал, а првиот нареден домашен меч е после репрезентативната пауза, на 2-ти октомври против Брентфорд.
Англиските медиуми најавуваат дека нов тренер на Вест Хем ќе биде Нуно Еспирито Санто, и се очекува тој да биде на клупата веќе задутре, иако нема да има многу време за подготовка. Португалецот во Англија има работено во Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингам форест (на клупата на Шумарите беше до 9-ти септември).