Беки Хамон е првара дама што предводеше НБА екипа како тренер, а за жал и за неа и за Сан Антонио тоа се случи во поразот од Портланд со 116:121.
Познатата поранешна кошаркарка е прв асистент на легендарнито Грег Попович, кој беше исклучен поради две технички грешки во третата четвртина, па Беки, заедно со уште една легенда, Тим Данкан и со Вил Харди ги советуваше кошаркарите на Сан Антонио до крајот на мечот.
По хиерархија кај мамузите Хамон е прв асистент и ќе биде запишана како првата жена главен тренер во НБА лигата.
За историја за малку ќе се погрижеше и Џрјмс Харден, а дури 41 шут од поле што го упати кон кошот на Минесота е негов личен рекорд и втор таков ефект во клупската истприја на Хјустон.
Популарната Брада постигна 49 поени и успеа да го предводи тимот до седмата едноподруго победа. Ракетите славеа против Минесота со 125:105 на гостински терен, а играа драстично ослабени без неколку стандардни првотимци. Сепак Харден повторно беше незадржлив и е во топ-форма и на четири од последните пет дуели за Хјустон постигна 42, или повеќе поени.
Рзеултати: Чикаго – Бруклин 111:117, Индијана – Милвоки 83:102, Њујорк – Шарлот 102:103, Мајами – Њу Орлеанс 109:94, Минесота – Хјустон 105:125, Далас – Торонто 110:102, Сан Антонио – Портланд 116:121, Л.А. Клиперс – Атланта 150:101.