Грег со Џинобили и Данкан како бодигарди: Веќе не сум тренер, сега сум „Ел Хефе“ (Видео)

На прес-конференцијата во Сан Антонио, каде што Грег Попович му го препушти тренерското место на Мич Џонсон, 76-годишниот Попович кој иако има сериозни здравствени проблеми, направи шоу.

Поп застана на говорницата и рече: „Веќе не сум тренер, сега сум Ел хефе“, и ги насмеа сите присутни, соблекувајќи се, прикажувајќи маица на која напред на шпански јазик пишува „Ел Хефе“ (шеф), а одзади Сењор Попович (господин Попович). Му помогнаа Емануел Џинобили и Тим Данкан, кои ги тренираше во шампионските денови на Спарс.

- Оглас -

Најнови вести