Грегорич со хет-трик за едно полувреме, на Олимпијакос му се заканува историски дебакл

Австрискиот фудбалер Михаел Грегорич приреди вистинско шоу за публиката во Фрајбург. Во првото полувреме против Олимпијакос во дуел од Лигата на Европа направи хет-трик, а имаше и асистенција при голот за 4-0.

Тимот од Пиреја нема шанса да оди понатаму, но веројатно ќе бидат трети во групата и напролет ќе играат во Конференциската лига. Сепак, никој не очекуваше дека толку лабаво ќе влезат во мечот, а Грегорич го искористи тоа за два гола во првите 8 минути и хет-трик за малку повеќе од половина час игра.

- Оглас -

Најнови вести