Новиот менаџер на Челзи, Греам Потер, дебито на клупата за англискиот тим ќе го има утре на „Стемфорд бриџ“, во дуелот против Салцбург во првото коло од Лигата на шампионите. Потер дојде на местото на Томас Тухел, кој доби отказ по поразот од Динамо Загреб пред една недела, на стартот во елитната лига на УЕФА. Потер вели дека се чувствува како да е дома во Челзи.
„Многу сум му благодарен на раководството на Челзи кое имаше доверба да ми даде да работам со толку квалитетни фудбалери. Пред нас сега имаме еден важен меч против Салцбург, кој треба да го добиеме. Се чувствувам како да сум во Челзи девет месеци, а не само девет дена. Животот е полн со ризици. Јас пред пет години решив да напуштам сигурна работа за да работам во тим кој беше во четврта лига во Шведска, а сега сум тука. Таков е животот“, рече Потер.