Арсенал Саранди – Банфилд (Аргентинска Суперлига, 00 часот)
Арсенал Саранди успеа да се врати во елитата во Аргентина и ќе се обиде со победа да го прослави камбекот во Суперлигата. Ланската сезона Арсенал беше најефиканската екипа во Втората аргентинска лига, па сега ќе се обидат да го задржат трендот. Имаат добар тим, кој треба да му се спротивстави на тимот на Банфилд предводен од клупата од легендата Ернан Креспо.
Креспо и Банфилд имаа скромни резултати во Суперлигата лани, а го завршија циклусот од 25 натпревари со пет меча без победа.
Раководството на Банфилд има верба во знаењето на Креспо, но Банфилд ќе мора да игра многу подобро.
Предлог тип: ГГ (2.08)
Атлетико Тукуман – Розарио (Аргентинска Суперлига, 02.10 часот)
Атлетико имаше солидна сезона и заврши на петтото место на табелата, што е добра подлога за нови успеси во новата сезона. Купија дури 10 нови играчи во овој преоден рок и Рикардо Зјелински ќе има задача што побрзо да ги вклопи во неговиот систем на работа и на игра.
Розарио Централ имаше чудна сезона, го освои пехарот во аргентинскиот куп, што е голем успех, но не играше добро во првенството. Го сменија тренерот Едгардо Бауза, па Диего Кока од март годинава е шеф на стручниот штаб.
Играа лошо и во Копа Либертадорес, па Кока ќе има тешка задача да ги подобри резултатите или да се соочи со неизвесност, дури и со отказ како шеф на стручниот штаб на Розарио.
Предлог тип: 1 (2.20)
Централ Спортиво Алагоано – Гремио (Бразил Серија А, 01 часот)
ЦСА е една од најслабите екипи во Бразил, а кризата се продлабочи по тешкиот пораз од резервите на Атлетико Паранаенсе. Загубија со 0:4 од екипа што повеќе мислеше на мечот од Копа Либертадорес отколку на дуелот со ЦСА и сепак победи убедливо со 4 голови разлика.
Одбраната на тимот од Масеијо е лоша, досега на 11 натпревари прими 20 голови, а напаѓачите како да не постојат, па ЦСА постигна само 3 гола.
И сега им доаѓа фаворит, уште една екипа што игра во Копа Либертадорес, а и Гремио најавува дека ќе игра со комбиниран состав и со доста резерви против ЦСА. Сепак се работи за голема разлика во квалитет и ќе типуваме на победа на гостите.
Предлог тип: 2 (1.90)
Коритиба – Ботафого СП (Бразил Серија Б, 01 часот)
Ова е еден од дерби-дуелите на 13-тото коло во Серија Б, а и двете екипи се многу блиску до позициите што водат во повисок ранг.
Коритиба ја поправи формата и три меча по ред нема пораз, па се проби до деветтото место само со два бода зад екипите што се на позиции кои гарантираат пласман во Серија А во Бразил.
Ботафого е пред нив со 20 бодови, па се очекува тврд и неизвесен меч на екипи што досега играле само двапати меѓу себе, и тоа пред двеесеттина години, а и тие дуели беа со малку голови. Сличен меч се очекува и сега, со мала предност за домаќинот.
Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.48)
Спорт Ресифе – Гварани (Бразил Серија Б, 01 часот)
Спорт Ресифе игра многу солидно во Серија Б и моментно по 12 кола е на четвртото место кое води во повисок ранг на натпревари во Бразил. Имаат еден од најдобрите напади во Лигата, а особено расположен е тандемот стрелци Ернане и Гилјерме со заеднички ефект од 11 голови од вкупно 16 што ги постигна тимот од Ресифе на досегашните 12 натпревари.
И денеска се фаворити против Гварани, екипа што игра лошо и се наоѓа во опасната зона за испаѓање. И традицијата е на страна на Спорт Ресифе, а последен пораз од Гварани на домашен терен им е тој со 0:1 пред 18 години.
Во меѓувреме нанижаа 4 победи по ред на свој терен против овој ривал, едната од нив многу убедлива, со 8:1
Предлог тип: 1&3+ (3.30)