Гремио игра за себе и за сигурен финалист на Бразил во Копа Либертадорес

Аманда Анисимова – Медисон Брингл (Тенис, ВТА Сан Хозе, 00 часот)

Анисимова е најмладата тенисерка во топ-100 во моментов и е новата голема надеж на американскиот тенис.

Има само 17 години, а веќе нанижа неколку значајни победи против многу пореномирани тенисерки од калибарот на Симона Халеп, Петра Квитова, Арина Сабаленка… Дури можеше и да освои гренд-слем сезонава, но во полуфиналето на Ролан Гарос по голема битка загуби со 1:2 во сетови од Ешли Барти, која потоа и го освои пехарот на престижниот турнир.

Анисимова на патот до полуфиналето ја елиминираше во тој момент актуелната шампионка Халеп, претходно и една од главните фаворитки за трофејот Сабаленка, со што го потврди големиот талент.

Ноќеска ќе игра против сонародничката Медисон Брингл, тенисерка која наполни 29 години и не ги исполни очекувањата на американската тениска јавност, иако и таа беше најавувана како голем талент. Беше четврта на светот во јуниорска конкуренција, но потоа имаше незабележителна кариера, без титула на ВТА турнирите.

Најголемата победа во кариерата ја забележа во 2017 година против Серена Вилијамс, но тоа се покажа како поединечен блесок, наспротив големите очекувања.

Анисимова е во налет, се наоѓа во многу подобра форма и ќе типуваме на победа од 2:0 на американската женска тениска надеж со потекло од Русија.

Предлог тип: 2:0 (1.92) 

 

Циципас – Томпсон (Тенис, АТП Вашингтон, 01 часот)

Грчкиот тенисер е фаворит против пет години повозрасниот Џордан Томпсон, а Циципас има и императив пред себе, да одбрани доста поени во Вашингтон.

Лани 20-годишниот голем тениски талент играше во полуфиналето на овој турнир, но Александер Зверев го сопре на патот кон титулата. Сега Циципас е во многу послаба форма, а се уште го пече поразот од Томас Фабијано во првото коло на Вимблдон.

И според талентот и квалитетот, а особено поради перспективата која му ја предвидуваа Циципас е голем фаворит против вториот ривал на турнирот во Вашингтон, но Томпсон е жилав тенисер и може да освои барем еден сет.

Предлог тип: > 22.5 гема (1.97)

 

Либертад – Гремио (Копа Либертадорес, 02:30 часот)

Гремио има голема шанса да му обезбеди на Бразил сигурно финале во Копа Либертадорес, иако ноќеска ќе го игра последниот реванш меч од осминафиналето во најсилното клупско натпреварување во Јужна Америка.

Ако Гремио успее во Асунсион да ја задржи предноста од 2:0, ќе игра против Палмеирас во четвртфиналето, а победникот од тој двомеч ќе состави уште еден бразилски пар во полуфиналето и ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Интернасионал и Фламенго. Тоа значи сигурен настап на бразилска екиоа во мечот за титулата.

Вчера, Олимпија во Асунсион не успеа да го мине ЛДУ Кито, па Либертад остана последниот парагвајски Мохиканец во обид да остане и во игра за титулата. Либертад и Гремио беа во иста група на патот кон нокаут фазата и си поделија по една победа на гостински терен.

Гремио  прв успеа да победи на домашен терен во третиот меѓусебен меч сезонава, а приреди вистински подвиг на првиот соминафинален меч и со играч помалку, по исклучувањето на Жеромел постигна два гола за одлична предност од 2:0.

Либертад ќе мора да напаѓа, но и да мисли на дефанзивата, бидејќи секој примен гол ќе значи дека се многу далеку од целта. Гремио има цврста одбрана, примија само еден гол на последните 4 меча и се фаворити за пласман во четфртфиналето. Ќе типуваме дека двете екипи ќе постигнат барем еден гол.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Универзидад Католика – Индепендиенте (Копа Судамерикана, 02.30 часот)

Најголемата предност за домаќинот ќе биде играњето во Кито, на 2.850 метри надморска височина, што често е непремостлива пречка за гостинските екипи.

Сепак Индепендиенте е поквалитетен состав, а пред 19 години покажа дека може да се справи со резредениот воздух во Кито, кога ремизираше 3:3 со Универзидад Католика. И двете екипи се чуваа за реваншот, но и ги победија ривалите во домашните првенства и тоа со речиси комплетно резервни состави. Ноќеска ќе бијат голема битка за четвртфинале во Копа Судамерикана.

Во 2000 година одиграа ефикасен меч со шест голови во Кито, но сега е малку поинаква ситуацијата и секој погодок е драгоцен, па ќе типуваме дека реваншот ќе заврши со помалку од три гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.40)

 

Вондеререс – Коринтијанс (Копа Судамерикана, 02.30 часот)

На Вондерерс ќе му треба чудо за да го елиминира големиот фаворит Коринтијанс, по поразот од 0:2 на првиот меч. Бразилскиот состав е еден од главните кандидати и за пехарот во Копа Судамерикана, а главните адути Фагнер, Кевин Лав и Педрињо се во одлична форма.

Фабио Карилји ги има на располагање сите важни алки во играта на Коринтијанс, а многу мака да состави тим што ќе им се спротивстави на Бразилците има Роман Куелјо.

Кај Вондерерс ќе недостасуваат двајцата играчи за врска Игнасио Гонзалес и Џонатан Барбоса. Аксел Милер и Адријан Колумбино не се пријавени за настап, па домаќините ќе имаат многу проблеми во средниот ред. Неизвесен е и настапот на стоперот Дамијан Макалузо, што е само капак на маките на домаќините, како да состават тим за подвиг.

Вондерерс загуби и во домашното првенство со 0:3 од Феникс и имаше многу пропусти во одбраната, па можат и да бидат среќни што не доживеаја вистински дебакл.

Коринтијанс сосема спротивно ја победи Форталеза меѓу двата дуели со Вондерерс, а Педрињо со уште еден гол и на тој меч покажа дека е во топ форма. Гостите се фаворити за нов триумф, а ќе биде голема сензација ако пропуштат шанса да играат во четвртфиналето каде ги чека дерби со Флуминензе.

Предлог тип: X2&ГГ (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести