Гремио ќе го пушти Суарес повторно да биде соиграч со Меси, а на негово место ќе донесе супер замена

Прославениот уругвајски голгетер Луис Суарес речиси сигурно ќе си замине од Гремио и ќе се пресели во тимот на Интер Мајами. Суарес во Интер Мајами повторно ќе биде соиграч со Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, со кои освојуваше многу трофеи во дресот на Барселона.

Ако Суарес замине од Гремио, бразилскиот гигант веднаш најде алтернатива за негова замена. Во фокусот на Гремио е Алексис Санчес. Искусниот 34-годишен напаѓач на 30 јули ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со Олимпик Марсеј. Санчес во кариерата играше за гиганти како Барселона, Интер, Манчестер јунајтед и Арсенал, а сега најверојатно ќе се пресели во Бразил.

Санчес уште е дел од репрезентацијата на Чиле каде во 151 натпревар досега постигна 51 гол.

- Оглас -

Најнови вести