Полуфиналниот реванш во Купот на Бразил меѓу Атлетико Паранаенсе и Гремио заврши со конечни 2-0, а финалистот се одреди по изведување на пенали. Во вчерашната понуда од Полноќниот експрес, овој меч очекувавме да заврши со погодоци на двете страни, но Гремио не реализира ниту една од бројните шанси, па со тоа ја расипа добитната комбинација која нудеше коефициент од 20.67.
Меѓу четирите предлози се најде и вториот полуфинален меч од бразилкиот куп, дуелот меѓу Интернасионал и Крузеиро, кој заврши со 3-0(1-0), а погодивме дека ќе има барем по еден гол во двете полувремиња.
Тениските натпревари од машка и женска конкуренција на ОП на САД во кои славеа Рафаел Надал и Бјанка Андреску завршија според нашите предвидувања. Шпанецот го совлада Шварцман во меч кој имаше помалку од 31,5 гемови (6-4, 7-5, 6-2), додека Андреску и Мертенс го одредија победникот на средбата по 28 одиграни гемови.
Наместо да се радуваме на нова добитна комбинација на Полноќниот експрес, среќата ќе чекаме да ни се насмевне во некое следно издание. Очекувајте нови предлози и за денес, како по обичај, околу 19 часот.