Рафаел Надал ја продолжи страшната серија од 14-0 во 2022 година и пак го преслуша Данил Медведев, вторпат во кус рок од еден месец, утрово во Акапулко со 6:3, 6:3.
Најтрофејниот гренслем шампион со 21 титула славеше и во финалето во Мелбурн на Австралија опен со 3:2 во сетови и стаса до рекордот, а во Акапулко ќе игра финале против Камерон Нори за нова титула.
Утрово Шпанецот беше нескротлив за новиот тениски рекет број 1, Медведев и за нешто повеќе од два часа го елиминираше во битката за пехарот на турнирот во Мексико.
Надал приреди подвиг и ги спаси сите 11 брејк топки што ги имаше Медведев, тенисер кој од понеделник и официјално ќе биде најдоброрангиран на АТП листата.
https://twitter.com/atptour/status/1497455697948205057?s=20&t=Jq5FD3-EfHP6TiV0E7hc1g
Надал има три титули на турнирот во Мексико во пет финалиња, а и во шесттото е фаворит против изненадувањето од Велика Британија, Камерон Нори.
Нори во првото полуфинале го преслуша Гркот Стефанос Циципас со 6:4, 6:4. Британецот ќе игра за четвртата титула во кариерата на АТП турнирите.