Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 404-та недела на првото место на АТП ранг-листата со што продолжи да го зголемува рекордот за бројот на поминати седмици на лидерската позиција.
Фановите за новата недела на првото место се шегуваат со компјутерски речник „грешка 404, конкуренцијата не е пронајдена“.
Ѓоковиќ е единствен тенисер во историјата кој бил повеќе од 400 недели на првото место на АТП ранг-листата. Српскиот тенисер е прв на ранг-листата со 11.245 бода, Карлос Алкарас е втор со 8.855, додека трет е Данил Медведев со 7.600 бода.
По најдобрата тројка следат Јаник Синер, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Александер Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.