Гриезман го напушта Атлетико, но и Шпанија

Шансите на Антоан Гриезман за останување во Атлетико Мадрид се мали, особено откако беше обелоденето дека летово откупната клаузула во договорот му се намалува од 200 на 120 милиони евра.

За францускиот напаѓач, кој сака нов предизвик во кариерата, има интерес од неколку големи клубови, меѓу кои и Барселона, но поголеми се шансите Гриезман ако си оди од Атлетико, да ја напушти шпанската лига. Фаворити за неговиот потпис се Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, а шанса од позадина чека ПСЖ, кој ќе има шанси да го привлече Антоан само ако ги продаде Нејмар или Мбапе.

Интересно е што трансферот на Гриезман во ПСЖ може да го олесни градскиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид, ако летово успее да купи една од суперѕвездите на париските „светци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести