Селекцијата на Франција го оправда ремито со Украина со сигурен триумф од 2-0 против Казахстан, па сега Триколорите имаат шанса да преземат контрола во квалификациската група Д доколку утре триумфираат во Сараево против Босна и Херцеговина.
Во мечот кој ќе се игра на стадионот „Грбавица“, Антоан Гриезман ќе влезе како рекордер на актуелниот светски првак. Имено, Гриезман е првиот фудбалер на Франција кој одигра 45 последователни натпревари за репрезентацијата по Втората светска војна.
Рекордот претходно го држеше Патрик Виера со 44 последователни настапи, а Гриезман од своето деби во 2017 година испушти само четири меча за Триколорите, додека во вкупно 87 настапи реализира 33 погодоци.
Натпреварот БиХ – Франција е закажан за терминот од 20:45 часот, а доколку имате намера да се обложите на таа средба, проверети ги квотите за овој меч во Sport Life.