Гриезман се согласил за помала плата – потпишува за Барселона

Атлетико Мадрид и Барселона ги продолжуваат преговорите околу трансферот на Антоан Гриезман. Според францускиот „Лекип“, францускиот репрезентативец треба официјално на 1 јули да се приклучи на каталонскиот гигант. Се верува дека трансферот би бил 120 милиони евра, а Гриезман ќе се обврзе на петгодишен договор со тимот од „Камп Ноу“.

Играчот се согласил да добива помала плата од таа што ја има во Атлетико. Гриезман кај „јорганџиите“ добива по 20 милиони евра за една сезона, а Барселона нема да му дава повеќе од 17 милиони евра. Французинот неодамна најави дека ќе си оди од Атлетико и дека му е потребен нов предизвик. Барселона е најголем фаворит за негово доведување.

 

- Оглас -

Најнови вести