Гриезман уште се надева дека ќе се врати во Атлетико

Антоан Гриезман, напаѓачот на Барселона, не се откажал од идејата да си замине од клубот до крајот на преодниот рок на 31 август. Но, Французинот би си заминал од Барса само ако добие понуда од неговиот бивш клуб Атлетико Мадрид.

Тренерот Атлетико, Диего Симеоне, не крие дека сака да има уште еден квалитетен напаѓач во составот и не е тајна дека го посакува и Гриезман, кого добро го познава. Од Атлетико имаа обид да го вратат Гризи нудејќи трампа за Саул Њигес, но оваа варијанта пропадна.

Од Барса сакаат да го продадат Гриезман за да соберат некакви средства и да се ослободат од големата плата што ја зема тој. Каталонците би се ослободиле од него за околу 50 милиони евра (го купија за 120 милиони), но Јорганџиите не сакат да платат толку.

Гриезман беше стартер на првите два меча на Барселона, но конкуренцијата е силна, покрај Мемфис Депај и Мартин Брајтвајт, таму се и Ансу Фати и Серхио Агуеро, кои кога ќе закрепнат од повредите, би го загрозиле Французинот.

- Оглас -

Најнови вести