Гриезман заборави дека во Атлетико стана ѕвезда, Симеоне многу ќе се налути за овој потег (Видео)

Антоан Гриезман со години беше омилен играч на навивачите на Атлетико Мадрид. Французинот даде многу погодоци за победи на Јорганџиите, а синоќа првпат играше пред навивачите на Атлетико Мадрид, но како противнички играч.

Повеќето навивачи на Атлетико беа лути кога Гриезман реши да си замине од Мадрид и да потпише за Барселона, па затоа синоќа имаше „жешко“ добредојде. Фановите на Атлетико постојано му свиреа и го навредуваа Гриезман, а тој на крајот победнички си замина од Мадирд.

Гриезман уште пред мечот реши да упати провокација за домашните, па при доаѓањето на стадионот, во тунелот на „Ванда Метрополитано“ имаше посебен поздрав кон фотографијата на која беше тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

https://twitter.com/BTVideoClips/status/1201216972639227904

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести