Претседателот на Франција, Емануел Макрон бил еден од оние кои инсистирале да се врати Карим Бензема во националниот фудбалски тим за Европското првенство, пренесуваат медиумите во оваа земја. Бензема кој имаше блескава сезона во дресот на Реал Мадрид, речиси шест години беше надвор од репрезентативниот дрес, но пред почетокот на ЕП 2020, селекторот Дидие Дешамп, реши да го врати во составот, со „благослов“ и од претседателот Макрон.
Дел од фудбалерите биле против враќањето на Бензема во репрезентацијата и сметаат дека токму тоа довело до нарушување на атмосферата во екипата. Антоан Гриезман и Пол Погба биле против враќањето на Бензема во репрезентација.
Франција беше најголем фаворит за златото на ЕП, но тимот беше елиминиран уште во првата нокаут фаза, откако на пенали Швајцарија се радуваше и избори место во четвртфиналето.