Грилиш: „Навивачите ме навредуваат, за мене тоа е комплимент“

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, важи за еден од најомразените за противничките навивачи. Каде и да гостува, тој наидува на свирежи од публиката, но затоа е омилен кај навивачите на Манчестер сити, а како што велат тие, тоа е така бидејќи излегува и пие алкохол, знае да се забавува, а стана вирално популарен со „пијаната“ прослава на титулата од Лигата на шампионите.

„Секогаш се прашував зошто противничките навивачи ме навредуваат каде и да гостуваме. Мојата мајка исто ме прашува. Всушност, и не знам зошто е тоа така. Каде и да одиме, го слушам истото од трибините и не сум сигурен зошто е тоа така. Настојувам на тоа да гледам позитивно и да го сфатам како комплимент“, вели Грилиш.

- Оглас -

Најнови вести