Грилиш нема да игра на ЕВРО 2024, па замина да се пијанчи во Дубаи

Џек Грилиш неодамна дозна дека со англиската репрезентација нема да учествува на Европското првенство во Германија. Медиумите тогаш пишуваа дека фудбалерот на Манчестер сити бил многу непријатно изненаден и дека одлуката на Герет Саутгејт силно го погодила.

Меѓутоа, денеска објавија фотографии и видео кои сугерираат дека Грилиш продолжил со животот, и тоа во свој стил. Грилиш отсекогаш бил познат како човек од голема фудбалска забава, а сега непознато лице во Дубаи го снимило во друштво на непознати жени.

На снимката Грилиш може да се види како се сопнува низ место во Дубаи кон бар на плажа пред гостите кои го снимаат. Неговиот пријател го држел за полесно да се движи, а чуварот постојано барал од присутните да не снимаат.

Засега не е познато дали Пеп Гвардиола и Манчестер сити ќе реагираат со оглед на тоа дека Џек Грилиш официјално е на летен одмор.

- Оглас -

Најнови вести