Крилото на Манчестер сити, Џек Грилиш, може да ја продолжи кариерата во друга екипа, пренесуваат британските медиуми. За 29-годишниот англиски репрезентативец има интерес од три екипи, а фудбалерот треба да одлучи дали ќе остане во Премиер лигата или ќе се пресели во италијанската Серија А.
Тотенхем и Њукасл се премиерлигашите кои изразија подготвеност да го купат Грилиш, додека интерес за Англичанецот има и од актуелниот шампион на Италија, Наполи.
Раководството на Манчестер сити планира да го продаде 29-годишниот фудбалер за 46 милиони евра, додека неговата вредност во моментов е 28 милиони евра.