Џек Грилиш во сензационален трансфер вреден 117,5 милиони евра во 2021 година се пресели од Астон вила во Манчестер сити. Сепак, летово стана јасно дека за него веќе нема место во составот на „граѓаните“, а Пеп Гвардиола се одлучи да ги земе во составот кој ќе настапи на Светското клупско првенство во САД.
Фудбалерот сега е пред одлука, да се пресели во Серија А или да се врати во матичниот клуб. Милан и Наполи го посакуваат англискиот репрезентативец во своите редови, а како опција постои и враќање во Астон вила.
Грилиш во моментов вреди 28 милиони евра, што е далеку од сумата која Манчестер сити ја плати за него пред четири години, па е достапен за екипите кои сакаат да го ангажираат.