Грин нема да биде фин со Клиперси

Деанџело Расел (Бруклин нетс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Од Расел зависат многу работи во играта на Бруклин и шансите за изненадување и елиминација на фаворизираната Филаделфија.

Бекот на Нетс знае да наметне брзо темпо, знае да погодува во серија и ако му тргне, тешко се чува. На првиот дуел кошаркарите на Бруклин ги наттрчаа домашните играчи и забележаа значаен брејк.

Ќе се обидат повторно да го сторат тоа, сега првпат како домаќини во стартната плејоф-серија со 76-те, а таков стил на игра потполно му одговара на Расел. Има широк спектар на шутеви, знае да погоди и тројка, па ќе типуваме дека ќе постигне повеќе од 24 поени.

Предлог тип: Расел >24.5 поени (1.90)

 

Никола Јокиќ (Сан Антонио спарс – Денвер нагетс, НБА, 03 часот)

Српскиот центар игра изклучително добра сезона во НБА, се наметна како еден од најдобрите кошаркари, а тоа го потврдува и во плејоф-серијата против Сан Антонио.

Стартниот меч му беше поскромен, но веднаш возврати со одлична партија на вториот дуел со 21 поен, 13 скока и 8 асистенции.

На двата меча имаше двоцифрен број скокови, ноќеска за првпат ќе игра на гостински терен, но за него не е пречка повторно да оствари голем број скокови.

Предлог тип: Јокиќ >11.5 скока (1.70)

 

Дрејмонд Грин (Л.А. клиперс – Голден стејт вориорс, НБА, 04.30 часот)

Демаркус Казинс се повреди и нема да игра, па сигурно е дека ќе се зголеми минутажата на Грин. Крилниот центар на Голден стејт вориорс многу солидно ги одигра двата стартни дуели во плејоф-серијата со Лос Анџелес клиперс, а сега ќе добие некоја минута повеќе и типуваме дека ќе направи збир од поени, асистенции и скокови поголем од 25.5, колку што е во понудата на Sport Life.

Серијата е ефикасна, Грин игра добро и добива над 35 минути можност да биде на паркетот, што е добар предуслов за плус во триплетата.

Предлог тип: Грин > 25.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

 

Стефан Кари (Л.А. клиперс – Голден стејт вориорс, НБА, 04.30 часот)

Кари е клучниот елемент во победите на шампионот, а Голден стејт веќе се наоѓа во незгодна ситуација и моментно ја загуби предноста на домашен терен против Клиперс. Резултатот во серијата е 1-1 и на фаворитот му треба брејк на гостувањето.

Кари е ефикасен на двата меча постигна 36 и 29 поени, што е над границата што ја нуди Sport Life во богатиот додаток за НБА-лигата.

Кари сака нова титула, Голден стејт и покрај повредата на Буги, има тим за нов шампионски прстен, па логично е тип на повеќе поени на првиот стрелец на Вориорс и на третиот меч од стартното плејоф-коло во Западната конференција.

Предлог тип: Кари >28.5 поени (1.75)

 

Лу Вилијамс (Л.А. клиперс – Голден стејт вориорс, НБА, 04.30 часот)

Како што игра ветеранот на Клиперс, нема да биде чудо ако тимот од Ел-Еј продолжи да му созадава многу маки на шампионот Голден стејт.

Најдобриот шести играч во НБА е во супер ритам, тој беше еден од креаторите на невидениот пресврт на вториот меч, кога гостите анулираа негатива од 31 поен и победија за израмнување на 1-1 во серијата што станува многу интересна.

Вилијамс постигна 36 поени и беше прв стрелец на мечот. Добро го одигра и првиот дуел и покрај поразот на Клиперс, постигна 25 поени, па ќе типуваме дека ќе ја продолжи серијата.

Предлог тип: Вилијамс >23.5 поени (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести