Англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд, кого Манчестер јунајтед го отфрли поради неговите истапи надвор од терените и обвиненијата за силување, би можело да го направи трансферот на кариерата и да го облече дресот на Барселона.
Гринвуд по пауза од повеќе од две години, сезонава повторно заигра фудбал, и тоа во Хетафе и веднаш покажа зошто му се предвидуваше голема иднина, постигна пет гола и имаше четири асистенции на 15 натпревари.
❗️Barça are keeping tabs on Getafe's loan player Mason Greenwood. They value the player's dribbling and goalscoring ability. [@_AdrianSnchz] pic.twitter.com/G1DNLI3wlY
— Barça Insider (@theBarcaInsider) December 27, 2023
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, е импресиониран од дриблерските способности на Гринвуд и неговата завршница пред противничките голови и им порачал на челниците на клубот да го ангажираат налето.
Гринвуд до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Хетафе, а потоа ќе се врати во Манчестер јунајтед, кој засега нема намера да му даде втора шанса и најверојатно ќе го стави на трансфер-листата, а тоа сака да го искористи Барселона. Планот на Чави е да се продаде Рафиња и со парите да се купи Гринвуд.