Интер и Барселона размислуваат да направат изненадувачка размена на напаѓачите Лаутаро Мартинес и Антоан Гриезман. Барса сака да го купи сонародникот на Лионел Меси, како долгорочно решение за позицијата централен напаѓач.
Мартинес кој има 22 години, сезонава има 16 гола за Интер, придонесот за Нераѕурите му е голема. Затоа клубот од Милано би се разделил со него само за сума од околу 110 милиони евра.
Барселона бара замена за Уругваецот Луис Суарес. Гриезман досега не се покажа како идеално решение, плус тоа, помеѓу него и Меси нема хемија.
Каталонците не може да си дозволат да платат 110 милиони, и поради правилата на финансискиот ферплеј, размислуваат за алтернативни патишта. Една од опциите е да го понудат Гриезман за Лаутаро. Каталонците во Интер би ги дале Кутињо, Видал, Алења или Тодибо, но Интер го побарал Французинот. Од друга страна, Интер ако остане без Лаутаро, сака да го купи Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.