Гризман беше најблиску до противничкиот голман, судијата сигнализираше офсајд, но голот на Барселона важи (Видео)

Антоан Гризман одлично се снајде во шеснаесетникот на Гранада и го искористи „подарокот“, па погоди за водство на Барселона од 1:0 по 20-тина минути игра. Францускиот репрезентативец неочекувано доби една топка на неколку метри од голот и без проблеми реализираше за водство на фаворитот.

Помошникот судија, но и домашните фудбалери сигнализраа дека Гризман е во офсајд позиција, но главнито арбитар го призна голот. Погодокот е регуларен затоа што топката кон Гризман ја упати еден од домашните фудбалери, што значи дека во таква ситуација нема офсајд, па Барселона води со 1:0. Погодокот погледнете го ТУКА.

https://youtu.be/N_3BQOEoMqQ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести