Гризман демантира дека се согласил на нов договор со Атлетико за многу помала плата

Антоан Гризман сè уште ја нема прифатено понудата од Атлетико Мадрид, потврди неговиот агент.

Иако шпанските медиуми претходно објавија дека Французинот се согласил на значително помали услови да потпишр нов договор, тоа сепак не е точно.

„Антоан е многу изненаден од информациите што ги објавија шпанските весници. Тој сè уште ја разгледува понудата и не донел конечна одлука“, изјави Севан Каријан, агентот на Гризман.

Атлетико Мадрид му нуди двегодишен договор, но со дури 50% пониска плата. Гризман не сака целосно да се откаже од толку пари само за да остане, и бара нова рунда преговори.

Познато е дека веќе подолго време интерес за него покажува ФК Лос Анџелес од МЛС лигата, каде што настапува и Оливие Жиру, но Гризман засега и понатаму му дава приоритет на Атлетико, иако договор сè уште не е постигнат.

- Оглас -

Најнови вести