Гризман го израмни рекордот на Лионел Меси

Антоан Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид, го израмни рекордот на Лионел Меси. Французинот беше стартер на дербито против Барселона кое на крајот му припадна на каталонскиот гигант со 4:2. Со овој настап Гризман стигна до бројката од 520 настапи во шпанското првенство и се израмни со Меси како играчи странци со најмногу настапи во шампионатот на оваа земја.

Во клупскиот фудбал сега следува мала пауза за репрезентативни настапи, а кога повторно ќе се вратат на обврските за екипите во коишто настапуваат, Гризман и официјално ќе го надмине Меси и Французинот ќе стане фудбалерот странец со најмногу настапи во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести