Атлетико Мадрид не блескаше, но успеа да го победи нисколигашот Марбеља и се пласира во осминафиналето на Купот на Шпанија. Стрелец на победничкиот гол за минимален триумф (0-1) беше Антоан Гризман.
Qué barbaridad el nivel actual de Don Antoine Griezmann, el jugador más infravalorado del mundo. pic.twitter.com/hZ9uoD4oys
— Don Oblak (@DonOblak) January 4, 2025
Францускиот ас во 16-та минута се најде на вистинското место во противничкиот шеснаесетник и одбиената топка од голманот ја смести во неговата мрежа.
Тимот на Диего Симеоне до крајот знаеше како рутински да ја сочува минималната предност и да оствари победа.