13.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Гризман откри какви биле неговите односи со Меси додека играше за Барселона

Антоан Гризман помина неколку сезони во Барселона, каде беше соиграч на Лионел Меси. Францускиот напаѓач откри како изгледале неговите односи со аргентинската суперѕвезда.

Според Гризман, за време на неговиот престој во каталонскиот клуб, во медиумите кружеле бројни гласини дека Меси не го сакал. Сепак, францускиот фудбалер ги негира овие тврдења и ја откри вистината.

„Кога играв таму, медиумите пишуваа дека Меси не ме сака. Тој ми рече да се смирам, дека медиумите само си играат со нас. На теренот секогаш покажуваше почит. Ми даваше пенали и ги славеше моите голови, како да ги постигнал самиот“, се сеќава Гризман.

Францускиот напаѓач официјално се приклучи на Барселона на 12 јуни 2019 година. Тој помина три сезони во клубот пред да замине во летото 2022 година. Неодамна, Гризман го постигна својот 200-ти гол за Атлетико Мадрид, за што му беа потребни 454 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести