Гриезман го стигна Вилтор, но Анри и Платини се далеку

Со двата гола кои ги постигна синоќа против Германија, Антоан Гриезман се изедначи со Силвен Вилтор на десетто место на вечната листа на стрелците на „триколорите“ со по 26 погодоци во дресот на француската репрезентација. Гриезман има подобар просек, бидејќи до овие 26 гола дојде по 65 меча, а Вилтор одигра 92.

Гриезман, кој има германско потекло, е човекот кој ги постигна последните три гола за Франција во дуелите со Германија. Вчера двапати го совлада голманот Мануел Нојер и го стигна Вилтор за делба на десеттото место.

Со наредниот гол, Гриезман ќе се изедначи со Карим Бензема, а потоа цел ќе му биде Јури Џоркаеф, кој има 28. Жист Фонтен и Жан-Пјер Папен имаат по 30, Зинедин Зидан 31, Оливие Жиру 32, Давид Трезеге 34. На второто место е Мишел Платини со 41 гол за Франција, а лидер е Тиери Анри со 51.

Гриезман има 27 години, и има реална шанса да се пробие меѓу првите тројца на оваа листа.

 

- Оглас -

Најнови вести