Екипата на ГРК Охрид е освојувач на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Вечерва, во финалето, ГРК Охрид со 31:26 славеше над Еурофарм Пелистер.
Домашниот тим беше мотивиран на свој терен да стигне до приматот за најдобар, а во финалето го победи актуелниот првак на Македонија.
Во борба за третото место, хрватскиот Нексе славеше со 28:26 против скопски Вардар. Петото место го освои Партизан кој славеше со 33:30 над Тримо Требње. Екипата на Динамо Панчево со 28:24 го победи тимот на Киндл од Фарски Острови.