Хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ официјално стана дел од ГРК Охрид. Искусниот кружен напаѓач потпиша договор до 2028 година и ќе биде едно од клучните засилувања за овој тим во продолжението на сезоната.
Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата, каде настапуваше за Штутгарт. Во својата кариера настапувал и за Нексе, а има и репрезентативни настапи за Хрватска.
„Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Слушнав само убави работи за клубот и за градот и ми претставува голема чест што сум тука. Се радувам на новата екипа, предизвиците кои не очекуваат во полусезоната и верувам дека заедно со навивачите ќе ги оствариме целите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за клубот“, изјави Прибетиќ.
Со доаѓањето на Прибетиќ, ГРК Охрид добива искусен и квалитетен играч кој може да донесе стабилност и интензитет во нападот, но и да биде лидер на помладите играчи во тимот.

