29.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

ГРК Охрид сака да го изненади Алкалоид, Лазаров очекува меч со многу голови

По европскиот предизвик и неуспехот да се најде во групната фаза од Европската лига на ЕХФ, екипата на Алкалоид денеска ја започнува битката во домашното првенство. Уште во првото коло Алкалоид има голем предизвик. На домашен терен во „Автокоманда“ од 18:30 часот ќе игра против екипата на ГРК Охрид.

„Охрид покажа дека има добра, солидна и модерна екипа. Очекувам да биде неизвесен меч, интересен за гледање. Очекувам ова да биде меч со многу погодоци“, вели тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.

Охриѓани имаа одлични летни подготовки откако освоија два пехари на турнирите во Струга и Охрид. Сега ГРК Охрид треба да покаже дека е подготвен и за домашниот предизвик.

Овие два клуба досега имаат одиграно 12 натпревари, а Алкалоид е многу поуспешен дури со 11 победи, Охрид само еднаш се радувал на триумф. Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, по мечот со Хановер беше запрашан да го прокоментира и дуелот со Охрид што следува денес.

„Охрид покажа дека е добра, солидна и модерна екипа. Мечот ќе биде доста неизвесен и интересен за гледање. Со оглед на она што можев да го видам од претходните нивни средби, очекувам дуел со голем број на голови“, рече Лазаров за дуелот со Охрид.

- Оглас -

Најнови вести