Грк со гол „а-ла Марадона“ предизвика внимание во Серија А (Видео)

Гркот Харалампос Ликојанис со прекрасен гол од слободен удар, ѝ донесе водство на Болоња од 1-0 на гостувањето кај Лече, а средбата заврши 1-1, откако домашните изедначија со гол на Пиколи од пенал во 100-та минута.

Болоња е на петто место на табелата во Серија А.

Ликојанис со шут со левата нога го префрли живиот ѕид и погоди каде што се спојуваат пречката и стативата. Многумина овој гол го споредуваат со оној легендарниот незаборавен на Диего Марадона од 1985 година против Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести