ГРК Тиквеш: Кире Лазаров со пцовки ги навредуваше нашите ракометари

Ракометниот клуб Тиквеш јавно изрази незадоволство од однесувањето на селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на РК Алкалоид, Кире Лазаров, за време на последниот натпревар меѓу двете екипи. Ова е најновото клупско обраќање откако претходно имаше соопштенија и на Вардар, на Пелистер и на Охрид.  

Преку официјално соопштение објавено на социјалните мрежи, клубот од Кавадарци тврди дека Лазаров вербално ги навредувал нивните ракометарки и дека неговото однесување не било соодветно санкционирано од страна на судиите.

Како што посочуваат од Тиквеш, инцидентот се случил во 28-мата минута од мечот, кога Лазаров добил жолт картон, но по неговото продолжено несоодветно однесување, изостанала казната од две минути. Дополнително, од клубот забележуваат дека нивниот тренер Кристијан Грчевски бил веднаш исклучен со две минути за, како што велат, „далеку поблага реакција“.

Од Тиквеш упатија повик до Ракометната федерација на Македонија да ги разгледа настаните од натпреварот и да преземе соодветни мерки.

Во соопштението на РК Тиквеш, се вели:

- Оглас -

Најнови вести