Гркот кој држеше македонско знаме, постави нов евролигашки рекорд

Домашните тимови ги добија сите пет денешни натпревари во Евролигата. ЦСКА ја победи Валенсија со 81-70, Зенит го совлада Олимпијакос со 91-87, Баерн беше подобар од Макаби со 80-68, Барселона славеше против Црвена ѕвезда со 86-82, а Басконија го надигра Химки со 83-79.

На дуелот во Санкт Петербург, Василис Спанулис постави евролигашки рекорд. Тој стана првиот 37-годишен кошаркар во историјата на ова натпреварување кој дал 30 поени на еден меч од Евролигата. Популарниот Били, кој е прв стрелец во историјата на Евролигата и свовремено со Перо Антиќ освојуваа европски титули прославувајќи со македонското знаме, вечерва даде 31 поен. Но, проблем за Пирејците беше што кај нив поентираа само петмина кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести