Гркот почна да го губи здравиот разум, почнал да зборува со предметите (Видео)

Во период кога во целиот свет се апелира да се остане дома и да не се излегува надвор без поголема потреба, тенисерот Стефанос Циципас откри дека има голем проблем да остане во изолација. Циципас е сам во изолација, а преку својот Youtube канал испрати и помалку загрижувачка порака.

„Вакви работи се случуваат кога предолго сте во карантин. Почнувате да си зборувате со предметите и да го губите разумот. Ако ме прашувате зошто не сум со семејството, ќе ви откријам дека пред неколку дена се скарав со нив и си заминав. Сепак, уште ги сакам и навистина ќе се радувам кога повторно ќе ги видам, но навистина ми беше стресно да сум таму со нив. Затоа се одлучив да си заминам и да бидам сам“, вели Циципас во видеото на кое раскажува како е да се биде сам во изолација.

„Во моментов не знам ни што зборувам. Последниве неколку дена читам книги, се обидувам да се едуцирам да откријам нов начин на образование. Се обидувам да ја задржам формата, но имам впечаток како да се здебелувам. Ништо не изгледа исто како претходно. Следните неколку недели ќе бидат клучни“, додава Циципас, кој делиува и загрижувачки додека е во изолација.

https://youtu.be/EKirbY9Ysys

- Оглас -

Најнови вести