Грмат навивачите на Реал и Барселона: Пеналот на Елче требало да се повтори! (Видео+Фото)

Атлетико Мадрид ќе остане лидер и по комплетирање на 34. коло во шпанското првенство, откако Јорганџиите ги освоија трите на тешкото гостување кај Елче. Лидерот во Примера победи минимално со 1:0, а Елче кој се бори за опстанок, во судиското надополнување промаши пенал.

Фидел кој имаше 12 погодени пенали од 14 шута, ја превзема одговорноста да го изведен ударот од 11 метри. Шутот на Фидел заврши во стативата, за голема радост на Атлетико Мадрид. Сепак, според повторената снимка, многумина сметаат дека пеналот на Елче требало повторно да се шутира и тоа затоа што голманот на Атлетико Јан Облак не стоел барем со едната нога на гол линијата.

Според правилата, голманот мора барем со едната нога да ја допира голлинијата во моментот кога фудбалерот шутира. Навивачите на Барселона и Реал Мадрид веќе револтирано коментираат по социјалните мрежи дека ВАР системот затаил во оваа ситуација и дека требало да се сигнализира повторување на пеналот на Елче.

https://youtu.be/OTtXpOyqj1A

 

- Оглас -

Најнови вести