Грмеше Валенсија од радост, за головите на Гамеиро и Родриго капна и по некоја солза (Видео)

Валенсија по цели 11 години го освои осмиот пехар во Копа Дел Реј, успеа да го надмудри големиот ривал и фаворит Барселона, а со многу темперамент како што е вообичаено симпатизерите на клубот го следеа финалето во Севилја.

„Месталја“ е култно место во светскиот фудбал, стадион на кој тешко се победува, а е познат по бучната атмосфера и една од најдобрите на планетата што ја прават навивачите на Валенсија, но овојпат организирано мечот се следеше на други локации во градот.

Валенсија рано поведе со головите на Гамеиро во 21. минута и на Родриго во 33. минута, а головите предизвикаа вистинска експлозија од радост. Капна и по некоја солза, а на крајот едвај се чекаше последниот свиреж на судијата Алберто Ундијано Малјенко за да се прослави осмата круна во шпанскиот куп.

https://twitter.com/valenciacf/status/1132375432555311104

- Оглас -

Најнови вести