Грне повторно во Вардар, ќе биде дел од стручниот штаб

Некогашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, повторно се враќа во црвено-црното семејство. Популарниот Грне денеска беше промовиран како нов член на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Грнчаров ќе биде помошник на Никола Глигоров, а, секако, главна цел на екипата ќе им биде да се вратат во Прва лига. Вардар моментно е на третото место во Втора лига Запад со пет бода помалку од второпласираната Воска Спорт, додека Силекс има двоцифрена предност во однос на Црвено-црните.

- Оглас -

Најнови вести