Црвена ѕвезда го декласира Партизан со 3-0 во 178-мото вечно дерби, но навивачите на „црно-белите“ беа непријатно изненадени од своите ривали, „Делии“.
Навивачите на Црвена ѕвезда на кровот каде што беа сместени гостинските навивачи спуштија транспарент на кој пишуваше „Секој прав Гробар го слави Фрањо Туѓман“, со јасна намера да ги навредат.
Кога сфатија што се случува, неколкумина од навивачите на Партизан се качија на покривот и го запалија транспарентот, па следуваше неколкуминутен прекин на натпреварот поради пожарот кој настана.
🔥 🔥 🔥 🔥 🚒 🚒 🚒 🔥 🔥 🔥 🔥 pic.twitter.com/lUVcReLEAm
— Partizan.net (@PartizanNet) February 22, 2026

