Популарните Гробари, најорганизираната навивачка група на Партизан, му направи мечкина услуга на својот фудбалски миленик со пиротехничкото шоу на дуелот против Келн во Конференциската лига.
Црно-белите го победија германскиот противник со 2:0 и без пораз се први во групата со 8 бода, по четири меча и сега со еден голем проблем.
УЕФА го санкционира Партизан со драстична казна, еден меч без публика на популарната „ЈНА“ за испадот на навивачите, а тоа значи дека против Словачко во последното коло во фазата по групи ќе нема навивачи на трибините.
Ова е очекувана одлука на УЕФА,бидејќи Партизан често е на тапет кај дисциплинската комисија поради инцидентите на навивачите.
Српскиот гигант ќе плати и парична казна од 53 илјади евра.
Во последните две кола Ццрно-белите играат со Ница на гости и со Словачко дома без публика.
Имаат убава предност од 3 бода пред францускиот тим и по четири пред Келн и Чесите, чиј спортски директор е нашиот поранешен репрезентативец Величе Шумуликоски.
Победникот во групата ќе игра директно во осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА, а вториот ќе мора да одигра двомеч во 1/16-финалето.