Навивачката група на фудбалскиот клуб Партизан, „Гробари“, објавија соопштение во кое потврдија дека го продолжуваат бојкотот и дека нема да бидат трибина ни на големото дерби против Црвена ѕвезда в среда од 18 часот.
„Време е да се отфрлат кафеанските приказни и да се стави точка на нив. Билетите за јужната трибина се пуштени, но апелираме да не се купуваат, бидејќи потребно е да бидеме единствени во оваа одлука! Едно дерби не смеа да биде причина да се повлечеме од борбата за подобри денови на клубот. Големите мечеви се оние на кои нашето отсуство се чувствува најмногу, со самото тоа и бојкотот има најголем ефект баш на вакви натпревари. Управа надвор“, порачаа Гробари.
Има многу навивачи на Партизан на кои оваа одлука не им се допаѓа, дека вака страдаат играчите, не управата, а сметаат и дека бојкотот е бесмислен бидејќи е само за мечевите дома, не и на гостувањата.