Гробари прво со топовски удар кон тренерот, а потоа го исекле со стаклата од соблекувалната (Фото)

Хаос се случувал по завршувањето на белградското дерби кое Црвена ѕвезда го доби со историски највисоки 4-0 на гостување кај најлутиот ривал.

Виден е прв хет-трик после дури 56 години, а тренерот на Црно-белите, Александар Станојевиќ, мина најлошо од револтот на фановите.

Најпрвин кон него беше фрлен топовски удар додека го напушташе теренот, и му беше ставено јасно до знаење дека бараат да си замине.

На прес-конференцијата, Станојевиќ се појави со видливи повреди на главата. Тој објасни дека настрадал од парчиња стакло кои летале низ соблекувалната откако биле демолирани стаклата од соблекувалната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести