Кошаркарите на Партизан синоќа во „Штарк арената“ во Белград го доживеаја третиот пораз по ред во Евролигата, со што направија голем чекор наназад во битката за пласман во плејофот и ги налутија своите навивачи, популарните Гробари.
Партизан загуби од Баерн Минхен со 78:79, и тоа благодарение на тројката на Силван Франциско на една секунда пред крајот на мечот, па по мечот најверните навивачи на Црно-белите ги построија кошаркарите.
Еден од навивачите на Гробари дури во еден момент ги праша играчите: „Чиј грб носите, бре?“.
Во еден момент на теренот полета ролна, по што мораше да интервенира полицијата и да ги заштити кошаркарите.
Партизан со третиот пораз по ред сега има учинок од 12 победи и 14 порази и има еден триумф помалку од позициите кои носат пласман во плејофот.