28.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Гробарите збеснаа, на стадионот на Партизан беше пуштена ѕвездашка песна (Видео)

На половина час пред почетокот на натпреварот помеѓу Партизан и Раднички 1923, преку разгласот на стадионот на Црно-белите во Белград беше пуштена песната „Добро знај да увек ту сам ја“ која ја пејат нивните најлути ривали, фановите на Црвена ѕвезда.

Гробарите беа сериозно налутени кога слушнаа, и после првичниот шок и молк, почнаа гласно да негодуваат. После 30-тина секунди, песната беше прекината. Ова е голем кикс во организацијата и Гробарите сигурно нема лесно да простат.

Од Партизан веќе најавија раскинување на договорот и тужба.

„На нашиот стадион, околу 30 минути пред почетокот на натпреварот против Раднички 1923 од Крагуевац, се случи инцидент, кога преку системот за јавно разгласување беше пуштена несоодветна аудио содржина. Ја информираме јавноста и нашите навивачи дека поради оваа саботажа, ќе го раскинеме договорот и ќе поднесеме тужба против одговорното лице кое ја обезбедува оваа услуга со години“, се вели во соопштението на Партизан.

@arenasporttv

Zaista nesvakidašnja scena pred meč crno-belih sa Radničkim 1923!😂 #fkpartizan #crvenazvezda #viral #fyp #partizan

♬ original sound – TV Arena Sport

- Оглас -

Најнови вести