Гројтер Фирт и Штутгарт како да не се бундеслигаши, на сите други мечеви „летаа“ голови

Од петте мечеви во Бундеслигата кои се играа попладнево, на четири имаше четири или повеќе голови, само дуелот Гројтер Фирт – Штутгарт заврши без голови.

Баер Леверкузен водеше, па губеше, на крај мораше да се задоволи со 2-2 дома против Унион Берлин. Фрајбург имаше предност од 2-0, но не ја победи Арминија која даде два гола во последните половина час.

Хофенхајм беше подобар од Аугсбург со 3-1. Кај гостите, дебитираше Рикардо Пепи, Американец роден 2003 година.

Лајпциг со 4-1 го надигра Мајнц, а ѕвезда беше Кристофер Нкунку кој влезе во игра во второто полувреме, но имаше гол и две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести