Гром од ведро небо: Конте може да си замине од Интер

Интер има само теоретски шанси да ја оствари мисијата која ја зацрта пред почетокот на сезоната, а тоа е да го симне Јувентус од тронот во Серија А. На седум кола до крајот Нераѕурите имаат дури 10 бода заостанување зад Старата дама и тешко дека гигантот од Торино ќе успее да ја прокоцна оваа капитална предност.

Поради фактот дека Интер на крајот ќе има неуспешна сезона во Италија, реномираниот Скај Италија најавува дека е можно на крајот од сезоната тренерот Антонио Конте да си замине од клубот. Спорд пишувањата, Конте е во лоши односи со челниците на клубот, посебно поради слабите резултати по враќањето на првенството за време на пандемијата.

Во седумте натпревари кои Интер го одигра во јуни и јули, најпрво испадна во полуфиналето од Купот кога ремизираше 1:1 на гости кај Наполи, а потоа во првенството забележа само три победи во шест средби. Затоа, наместо да го стигне заостанувањето во однос н аЈувентус, разликата со водечкиот тим сега е уште поголема.

Вкупно сезонава Интер со Конте на клупата, во 43 натпревари има 25 победи, 10 нерешени и осум порази. Дури се шпекулира и со можниот наследник на Конте, а тоа е трофејниот Масимилијано Алегри, на кого му заврши договорот со Јувентус и сега е слободен да бара нов ангажман.

 

- Оглас -

Најнови вести